Објавено на:

1000 полицајци низ цела Германија ги тресат и апсат „Граѓаните на Рајхот“ – Одлучна борба против нео-нацизмот

t

Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт ја забрани крајнодесничарската група „Кралство Германија“, поврзана со движењето „Граѓани на Рајхот“, пренесоа светските агенции.

Групата, за која се верува дека има околу 6.000 следбеници, е обвинета за создавање „паралелна држава“ и криминални економски структури. Портпаролот на обвинителството изјави дека се приведени четворица мажи, вклучувајќи го и основачот на групата, Питер Фицек. Се очекува мажите, на возраст меѓу 37 и 59 години, да се појават пред истражен судија во судот во Карлсруе денес и утре. Според Министерството за внатрешни работи, полицијата утрово започнала да пребарува адреси поврзани со клучни членови на групата во седум германски покраини, вклучувајќи ги Баден-Виртемберг, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, Рајнска област-Пфалц, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија.

Агенцијата додаде дека групата со години вршела нелегални банкарски и осигурителни активности преку физички и правни лица поврзани со неа. Стотици припадници на безбедносните сили ги претресуваат имотите и домовите на членовите и водачите на групата. Добринт рече дека организацијата пропагира антисемитски теории на заговор за да ги поддржи своите тврдења за моќ, додавајќи дека таквото однесување не може да се толерира во земја каде што владее правото.

„Ќе преземеме решителни мерки против оние кои го нарушуваат нашиот слободен и демократски поредок“, додаде тој. Групата „Граѓани на Рајхот“ верува дека модерната германска република нелегитимно ги презела овластувањата и функциите на Германскиот Рајх, основан во 1871 година и продолжен од нацистичкиот режим до неговиот пад во 1945 година. Членовите на групата не ги признаваат демократските институции како што се парламентот, судовите или законите и одбиваат да плаќаат даноци, придонеси за социјално осигурување и казни.

Групацијата „Кралство Германија“ е основана во 2012 година од Петер Фицек, роден во покраината Саксонија-Анхалт. Тврди дека се одвоила од модерната германска држава. Онлајн платформите на групата ќе бидат блокирани, а нејзиниот имот ќе биде конфискуван за да се спречи нејзиното користење на финансиските ресурси за екстремистички цели. Ова не е прв пат Германија да преземе мерки против групата „Граѓани на Рајхот“, потсетува Асошиејтед Прес. Во 2023 година, германската полиција претресе домовите на околу 20 лица во врска со истрагите против крајната десница. Минатата година, наводните водачи на крајнодесничарскиот заговор за соборување на германската влада беа изведени пред суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…

Во пакет на DHL пронајден бел прав…

Најмалку 12 лица се повредени откако во…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…