104 сообраќајни прекршоци во Скопје: 18 за пребрзо возење, 10 возеле без возачка дозвола
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.06.2022) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, а осум за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се и 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, две мерки за користење на мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас…
-Aкциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…