11. ден се трага по Атсу: Две теории каде бил фудбалерот за време на земјотресот
Големата ѕвезда на турскиот клуб Хатајспор, а поранешен фудбалер на Челзи и Њукасл, Кристијан Атсу, се уште не е пронајден. Тој исчезна претходниот понеделник во урнатините по силниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди Турција.
Во текот на десетдневната интензивна потрага имаше разни пресврти. Во неколку наврати, Атсу беше прогласен за мртов, па дури и се појавија информации дека е пронајден жив и хоспитализиран.
Ништо од тоа не е вистина. Турските спасувачки служби се на терен и никој не се откажува од потрагата, но шансите Атсу да биде пронајден жив се мали.
По неколку дена, тешки машини успеале да се пробијат до локацијата, која наводно содржи делови од станот во кој живеел Кристијан. На местото на настанот е и семејството кое им помага на властите. Според информациите кои ги пренесува „Хуриет“, постојат две теории каде фудбалерот можел да се наоѓа во моментот на несреќата.
Вечерта пред земјотресот, фудбалерот постигна гол за победа, па по натпреварот бил кај својот соиграч Сем Адекугбе да го прослави триумфот. Се вратил доцна во ноќта, според проценките околу 03:30 часот. 11-катницата во која живеел се урна по вториот земјотрес, а се верува дека Атсу можеби успеал да се спушти и да истрча до својот автомобил на паркингот, каде што бил поклопен од урнатините.
Извор: sportmedia.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…