118 сообраќајни прекршоци во Скопје: 42 за пребрзо возење, 19 возеле под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 19 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се и шест мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), пет за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за користење на мобилен телефон…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…