12 планинари се изгубија во тетовско, полицијата ги пронајде – сите се во добра здравствена состојба
На 03.11.2024 во 22:10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово.
Синоќа во 21:30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив.
Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано „Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово.
Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…