Објавено на:

124 килограми кокаин запленети во Босна и Херцеговина

t

Во компанијата во Широки Бријег, БиХ, во пакувања со банани е откриена поголема количина кокаин чија вредност се проценува на повеќе од 10 милиони евра, пишуваат медиумите во таа земја. Полицијата запленича околу 124 килорами кокаин.

Како што неофицијално дознаваат, сопственикот на фирмата случајот го пријавил во полиција откако вработени во фирмата која се занимава со увоз и извоз на овошје откриле дрога во бананите.

Според првичните информации, кокаинот се нашол во компанијата најверојатно поради грешка при испораката.

Припадниците на Државната агенција за истраги (СИПА) излегле на терен и ги спроведуваат сите потребни истраги за расветлување на овој случај во Широки Бријег.

Се проценува дека количината на кокаин е меѓу 120 и 150 килограми, чија вкупна вредност е меѓу 20 и 30 милиони конвертибилни марки.

Според информациите на порталот Klix.ba, ваквата состојба е поврзана со прекуграничен криминал, а истрагата ја води СИПА. Случајот е во надлежност на Обвинителството и Судот на Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Французин уапсен со кокаин вреден 13 милиони…

Холандските власти уапсија 30-годишен Французин во петокот…

Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…

Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…

Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…

Утре е Ден на жалост во БиХ

Владата на округот Брчко на Босна и…

ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…

Согласно барањето за помош што Владата на…