13 третоодделенци загинaа во пожар во ученички интернат во Кина
Тринаесет лица загинаа во пожар што синоќа избувна во ученички дом во основно училиште во близина на градот Нанјанг, во централната кинеска провинција Хенан, соопштија денеска локалните власти, пренесува Ксинхуа.
Кинеската агенција наведува дека противпожарната служба синоќа, во 23 часот, примила дојава за пожар во ученичкиот дом на училиштето Џингкаин, во селото Јаншанпу, дека спасувачите брзо пристигнале на местото на настанот и дека пожарот бил изгаснат во 23:38 часот.
Едно лице е повредено и во моментов е во стабилна состојба и се наоѓа на лекување во локалната болница.
Локалните власти отворија истрага за причините за пожарот.
Ксинхуа не соопшти дали има ученици меѓу жртвите, додека американските медиуми пренесуваат дека еден од наставниците изјавил за „Конглан Њуз“ (Conglan news), државен медиум во провинцијата Хебеи, дека сите загинати се третоодделенци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…
САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…
Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…