14 пријави за семејно насилство во последното деноноќие – 4 се приведени во Скопје, Кавадарци и гостиварско

t

На 09.03.2026 во 16:10 часот во ОВР Гостивар, 35-годишна жена од Кичево пријави дека, поради претходно недоразбирање, нејзиниот поранешниот сопруг Е.И. ѝ упатувал закани и агресивно се однесувал кон неа.

На 09, објави 4news.mk 03.2026 во 19:57 часот во СВР Тетово, 21-годишник од гостиварко пријавил дека во семејниот дом, неговиот татко Г.А. агресивно се однесувал, кршел предмети и од членовите на семејството барал пари и им упатувал закани.

На 10.03.2026 во 04:00 часот ОВР Гостивар, 44-годишна жена од гостиварко пријавила дека, поради претходно меѓусебно недоразбирање, нејзиниот брат физички ја нападнал.

На 10.03.2026 во 00:55 часот во гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Р.(21) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата невенчана 23-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и физички ја нападнал, при што употребил и остар предмет.

На 09.03.2026 во СВР Охрид е пријавено дека И.А. и Ј.А. во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале.

На 09.03.2026 во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 65-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64-годишна сопруга.

На 09.03.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријави дека околу 07:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со тврди предмети од неговата 37-годишна сопруга. Исто така, на 10.03.2026 во 01:00 часот, 37-годишна жена пријави дека претходниот ден во домот била нападната со тврди предмети од нејзиниот 46 – годишен сопруг.

На 10.03.2026 во 04:30 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријави дека од месец септември 2025 година досега, во скопско, нејзиниот сопруг С.А.(36) ѝ упатувал закани, а на 07.03.2026 физички ја нападнал.

На 10.03.2026 во 03:40 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријави дека на 09.03.2026 во домот во скопско била физички нападната од нејзината снаа Е.С.(28).

На 09.03.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека на 08.03.2026 во домот била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А..

На 09.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријави дека на 08 и 09.03.2026 во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот 33-годишен вонбрачен партнер. Исто така, во 17:30 часот, 33-годишен маж пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка.

На 09.03.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж пријави дека на 07.03.2026 во домот на подрачјето на Центар, неговата партнерка И.К.(36) го нападнала со тврд предмет.

На 09.03.2026 во 22:30 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Б.(68) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет на неговиот 35-годишен син.

На 08.03.2026 во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(31) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата бремена 30-годишна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, по што против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да…

Во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во…

Ненад Савески предложен за нов државен јавен…

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен…

Алиу: Првпат во државата подготвивме национален план…

Министерството за здравство, во соработка со повеќе…

Нетањаху: Војната со Иран се уште не…

Премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди дека воената офанзива…