142 години од раѓањето на Стариот: Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, каде ќе стаса тој селаните шепотат “Тодор ќе минува оттука”

t

На денешен ден, 4 март 1881 година во Ново Село е роден големиот македонски војвода и водач на ВМРО, Тодор Александров Поп-Орушов.

Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев-Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.

По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија.

Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз вели:

“Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово фаќање.”

Генералот Томсон пак, во лондонскиот весник “Тајмс” во 1923 година ќе напише:

“Историчноста на името и делото на Тодор Александров беше загатка на повеќе историографии и историчари. Неговата контрозерзност беше продукт на епитетите и квалификациите што доаѓаа, пред се, од непријателите на Македонија и на слободата на македонскиот народ. Меѓутоа, мора да се каже дека во дводецениската револуционерна и лидерска дејност името на Тодор Александров стана синоним на ВМРО и главен организатор и душа на организацијата. Едни го нарекуваа: генијален водач, најголем воин на Балканот, фанатичен патриот, најсилна појава на борбениот македонски дух, Последен Мохиканец на Балканот, Робин Худ на Балканот, голем апостол, и легенда на ВМРО, додека за други беше: врховист, предавник на македонското дело, родоотпадник, главорез и сл. И покрај се, во народните песни остана опејуван како единствен борец за слободата на Македонија”

Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде ќе стаса тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепот зборовите: Тодор ќе минува оттука.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…