15 активни пожари низ Македонија, алармантна состојба на терен
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во моментов во земјата се евидентирани 28 пожари на отворен простор, од кои 15 се сè уште активни, два се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.
Најкритичните подрачја се во источна, југоисточна и југозападна Македонија, каде што гори шума, ниска вегетација и сува трева. Меѓу локациите со активни пожари се:
Василево, Радовиш и Берово – Малешевските Планини и планината Голем Готен
Прилеп – села Бешиште и Дрен, со краци кон границата со Грција
Македонски Брод – села Црешнево, Локвица и Крапа
Штип и Карбинци – нискостеблести шуми и сува вегетација
Зелениково, Желино, Старо Нагоричане и Куманово – шуми и тревни површини
Струмица, Велес и Росоман – пожари на отворено со ризик од проширување
Во Македонски Брод (с. Грешница) и во Шуто Оризари (ул. Брсјачка Буна) пожарите се ставени под контрола, додека екипите и натаму се активни на терен за нивно целосно ликвидирање.
ЦУК апелира до граѓаните за внимание и одговорно однесување во природа, особено во периодот на високи температури и суво време. Најголем дел од пожарите, според надлежните, се предизвикани од човечки фактор – несовесно фрлање отпушоци, палење отпад и непочитување на забраната за огнови на отворено.
Надлежните служби се мобилизирани, но се бара и поголема поддршка од локалните самоуправи и доброволци, особено во подрачја со потешко достапен терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15 активни пожари низ Македонија, алармантна состојба…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Грета Тунберг присуствуваше на дискусија за Палестина…
Грета Тунберг, познатата активистка, вечерва беше дел…
Колапс на Ќафасан: 150 возила заглавени во…
Две долги колони од над 150 автомобили…
Мицкоски молчи пред криминалот на ВРЕДИ, а…
„Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ…
Трамп со нова наредба: Бездомниците ќе се…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша нова…