15 годишно дете ја земало колата на татко му – 6 лица повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на локалниот пат меѓу скопските села Кондово и Долно Свиларе, кога автомобил „фолксваген голф“ управуван од 15-годишно момче од Скопје се судрил со „фолксваген пасат“, зад чиј управувач била 27-годишната А.М. од Долно Свиларе.
Од сударот тешко се повредиле малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје. Телесни повреди добиле и уште двајца млади – 15-годишник од Кондово и 17-годишник од Скопје, кои исто така биле во „голфот“.
Во второто возило, „пасатот“, полесни повреди добиле 27-годишната возачка А.М. и нејзиното двегодишно девојче.
Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани повредите.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје, а се утврдуваат причините поради кои дошло до сударот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15 годишно дете ја земало колата на…
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне…
Началник на Генералштабот на Франција: Се подготвуваме…
Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили,…
Мицкоски: Не е крај на светот што…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека „не е…
Американски компании го напуштаат ТИРЗ – Мицкоски…
По најавите дека американските компании „Аптив“ и…
Сега ќе видите бетонизација: Предвидена изградба на…
Бројот на одобренијата за градење во септември…