Објавено на:

15.000 милионери се иселиле од Русија, ама тоа е само 15% од вкупниот број богаташи во државата

t

Над 15.000 милионери ќе ја напуштат Русија до крајот на годинава, пишува Гардијан цитирајќи ја лондонската компанија „Hanley & Partners“. Олигарсите му го вртат грбот на Владимир Путин уште од почетокот на војната. Но, добрата вест е дека оние кои ќе се заминат се само 15 отсто од вкпната бројка на милионери во државата, односно од оние кои во кеш поседуваат над милион долари.

Извесен Ендрју Амоилс за лондонската компанија објаснува зошто пропаѓаат државите.

Пропаѓањето на државите е условен од забрзаната емиграција на најбогатите луѓе. Таа судбина сега ја чека Русија поради војната во Украина – рече Ендрју.

Според него, милионерите често се првите кои емигрираат кога ќе проценат дека е потребно. Од почетокот на војната во Украина, голем број луѓе се иселиле од таа земја. Според проценките на медиумите, околу пет милиони луѓе ја напуштиле земјата, додека се тврди дека околу 2.800 милионери ја напуштиле Украина. Тоа претставува дури 43 отсто од вкупниот број милионери во оваа земја.

Според „Hanley & Partners“, повеќето од богатите одат во САД и во Велика Британија. Многумина се очекува да побараат засолниште во Обединетите Арапски Емирати. Се очекува дека милионерите ќе одат и во земји како Австралија, Сингапур, Израел, и во трите земји на М, Малта, Маурициус и Монако.

Најчеста причина за одење во овие земји е даночната политика , пренесува„Гардијан.

Меѓу земјите на М, само во Малта годинава ќе се доселат околу 300 милионери. Се смета дека државата е меѓу првите во Европа по раст на богатството, кое се зголемило за цели 87 отсто, во последните 10 години.

Една од причините за успехот на Малта е фактот што можете брзо да добиете државјанство ако сте се натурализирале во средината, во посебна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

Путин: Русија нема докази дека Иран сака…

Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…