16 години од бродската несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи
На 5 септември 2009 година, во Охридското Езеро се случи една од најтешките бродски несреќи во историјата на Македонија. Туристичкиот брод „Илинден“, на кој имало 57 бугарски туристи, потона, при што животот го загубија 15 лица.
Несреќата се случила околу 11 часот наутро, на стотина метри од брегот кај кампот Елешец. Бродот, изграден во 1924 година и со дозволен капацитет од 45 патници, за само неколку минути се нашол под вода. Меѓу патниците претежно имало постари лица, што ја отежнало нивната можност за спасување. Жртвите потекнувале од градовите Пирдоп, Златица, Челопеч и Антон во Бугарија.
На местото на трагедијата први пристигнале бродчињата „Александрија“ и „Кристина“, чии екипажи и патници им помогнале на преживеаните.
Веднаш по несреќата, највисоките државни претставници од Македонија излегоа на лице место, а бугарската влада испрати воен авион „Спартан“ за транспорт на телата на загинатите во нивната татковина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
16 години од бродската несреќа во Охридското…
На 5 септември 2009 година, во Охридското…
Хрватска и Словенија потпишаа декларација за воена…
Хрватска и Словенија потпишаа денеска декларација за…
Албанија со потерница го бара почесниот конзул…
Билал Кара (45) од Албанија, еден ос…
Реџепи: Седницата на Комисијата за надзор над…
Претседателот на Комисијата за надзор над работата…
МОН денеска презентираше „Водич за вештачка интелигенција“…
„Водич за вештачка интелигенција“ беше презентиран денеска…