16% од Србите се за усогласување со ЕУ треба и воведување санкции за Русија
Евентуалното воведување санкции против Русија не би го поддржале 64 отсто од граѓаните на Србија, додека 16 отсто од испитаниците се за усогласување со ЕУ по ова прашање.
Анкетата спроведена од „Фактор плус“ покажува и дека една петтина од испитаниците немаат став за тоа прашање, што, според директорот на таа агенција, Владимир Пејиќ, укажува дека противењето на санкциите „не е безусловно“.
Често се зборува дека 80 отсто од граѓаните се против воведување санкции против Русија, но мораме да бидеме прецизни. Во одговорите има нијанси. Дури 20 отсто од граѓаните не се за, но не се и против и на нивното мислење може да влијаат одредени околности – вели Пејиќ.
Истражувањето покажува и дека 30 отсто од граѓаните сметаат дека новата Влада на Србија нема да воведе санкции против Русија, 20 отсто сметаат дека таквата одлука е извесна, а 18 отсто дека е „малку веројатна“, додека речиси една третина очекуваат дека новиот владин кабинет „сериозно“ ќе размисли за воведување санкции на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…