16 пожари на отворен простор, три од нив активни, три под контрола
На ден 27.08.2025 година, до 20:30 часот на територијата на Македонија има вкупно 16 пожари на отворен простор од кои 3 се активни, 3 сe под контрола и 10 пожари се изгаснати, изјавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во Општина Прилеп: с.Радобил (ниска вегетација и шума); Општина Охрид: с.Волино (ниска вегетација); Општина Струга: с.Корошишта (ниска вегетација и стрниште).
Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар); Општина Сарај: с.Кондово (ниска вегетација).
Изгаснати се пожарите во Општина Сарај: Езеро Треска (ѓубре); Општина Долнени: с.Долгаец и с.Стровија (мешана шума); Општина Конче: с.Дедино (ниска вегетација); Општина Кочани: с.Грдовци (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Македонска Каменица: во кругот на Полициската станица (ниска вегетација); Општина Куманово: ул.Доне Божинов (ниска вегетација); Општина Липково: с.Оризари (ниска вегетација); Општина Ранковце: с.Милутинци (остатоци од пелети); Општина Тетово: Тетово (ѓубре); Општина Врапчиште: с.Дебреште и с.Зубовце (ниска вегетација).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
16 пожари на отворен простор, три од…
На ден 27.08.2025 година, до 20:30 часот…
Димитриеска-Кочоска: Растот на платите го надминува растот…
27 август Скопје- Инфлацијата е предизвик низ…
Во петок средба на украинската и американската…
Украинската делегација ќе се сретне со тимот…
Израел бара повлекување на извештајот на ОН…
Министерството за надворешни работи на Израел објави…
Бомбакис: Има работи кои не смеам да…
Познатиот инфлуенсер Бомбакис, кој преку пораки испишани…