16 приговори до ДИК по вториот круг од локалните избори

t

До денеска претпладне, Државната изборна комисија (ДИК) примила вкупно 16 приговори поврзани со сумирањето и утврдувањето на резултатите од вториот круг на локалните избори, одржани на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.

Хаким Рамадани, поддржан од ВЛЕН, поднел приговор за гласачките места 2032, 2033, 2034 и 2035 во општина Брвеница. Во вториот круг таму победи Јовица Илиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со 4.374 гласа, додека Рамадани доби 4.224 гласа.

Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за гласачките места 2955, 2956, 2956/1, 2959, 2959/1, 2961, 2961/1, 2971, 2971/1 и 2973 во Шуто Оризари. Дополнително, Сојузот на Ромите поднел приговори за гласачките места 2961, 2962 и 2966 во истата општина. Таму во вториот круг победил Курто Дудуш од Унијата на Ромите со 3.894 гласа, додека Ерџан Демир, поддржан од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, освои 3.406 гласа.

Коалицијата „Искуство за успех“, која го поддржуваше Стевчо Јакимовски, поднела приговори за гласачките места 2613 и 2631 во Карпош. Во оваа општина победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Сотир Лукровски, со 13.512 гласа, додека Јакимовски доби 12.378 гласа.

Според информациите од ДИК, седницата за одлучување по приговорите најверојатно ќе се одржи утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

16 приговори до ДИК по вториот круг…

До денеска претпладне, Државната изборна комисија (ДИК)…

Вреди ќе добие уште еден министер, кадрите…

Нема датум кога би се направила владината…

Израелски министер: Мамдани е поддржувач на Хамас,…

Министерот за национална безбедност на Израел Итамар…

Почна ЕУ блокадата за Србија – првиот…

По усвојувањето на најкритичната Резолуција на Европскиот…

(Видео) Кибритен напад: Гори отпад за старо…

Пожар во отпадот за старо железо "МИКОМП"…