171 милион евра од ЕУ за Западен Балкан: Еве во кој сектор ќе се инвестира во Македонија!
Европската комисија објави поддршка во износ од 171 милион евра за поттикнување на развојот на инфраструктурата и растот на приватниот сектор во државите од Западен Балкан.
Новиот пакет за поддршка вклучува инвестициски придонеси од различни извори на финансирање од ЕУ: средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) за проект во Босна и Херцеговина, придонеси од билатерални донатори преку Рамката за инвестирање во Западен Балкан (WBIF) за проект во Црна Гора, како и средства од Инструментот за реформи и раст (RGF) за проекти во Албанија, Црна Гора и Македонија.
Денешниот пакет за финансирање вклучува инвестициски и технички помошни проекти одобрени денес, со што се зајакнува посветеноста на ЕУ кон одржлив раст и регионална поврзаност во Западен Балкан.
94,7 милиони евра за инфраструктурни инвестиции
Од вкупниот пакет, 91,8 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти во четирите партнери. Овие средства се очекува да мобилизираат вкупно 263 милиони евра инвестиции преку седум проекти во приоритетни сектори, меѓу кои: дигитализација, чиста енергија, човечки капитал, транспорт и животна средина. Клучните проекти вклучуваат:
- изградба на широкопојасна интернет инфраструктура во Албанија;
- подобрување на системот за пренос на електрична енергија во Македонија;
- изградба и енергетски ефикасна реконструкција на образовни објекти во Македонија и Црна Гора;
- електрификација на железничката линија Драч–Тирана во Албанија; и
- проект за водоснабдување и третман на отпадни води во Босна и Херцеговина.
Овие проекти ќе ги спроведуваат партнерите од Западен Балкан во соработка со меѓународни финансиски институции.
Дополнително, 2,9 милиони евра се наменети за четири проекти за техничка помош во Албанија и Босна и Херцеговина, со цел поддршка на идни инвестиции во секторите на енергетика, води, иновации и истражување.
76,3 милиони евра за поддршка на приватниот сектор
Пакетот, исто така, вклучува 76,3 милиони евра за програми за поддршка на приватниот сектор, меѓу кои:
- Програмата „Western Balkans Forward“, која им помага на малите и средни претпријатија (МСП) да извезуваат понапредни производи и услуги во регионот и ЕУ;
- Програмата „SME Go Green“, која промовира зелена и кружна економија, агробизнис и инвестиции во работни места и раст;
- пилот-програмата „Western Balkans Opportunities by Non-traditional Debt (W-BOND)“, која обезбедува пристап до финансии за МСП преку диверзификација на изворите на финансирање надвор од традиционалните банкарски кредити;
- зајакнување на капацитетите и управувањето со јавно-приватни партнерства во Босна и Херцеговина.
По одобрувањето од Оперативниот одбор на Рамката за инвестирање во Западен Балкан, проектите можат да преминат во фаза на имплементација. Ова вклучува финализирање на неопходните договори со партнерските институции и корисниците, започнување на подготвителни студии за активностите за техничка помош и завршување на процедурите потребни за реализација на проектите во приватниот сектор. По завршување на овие процеси, може да започне спроведувањето на поддржаните инвестиции.
Целосното соопштение на Европската комисија прочитајте го на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
171 милион евра од ЕУ за Западен…
Европската комисија објави поддршка во износ од…
Се намалуваат царини, штедат милијарди – Официјализиран…
Европската комисија во вторник потпиша договор за…
Вучиќ: Не само за Србија, се борев…
Српскиот претседател Александар Вучиќ, не ја исклучи…
ЕУ забрани увоз на руски течен гас…
Советот на ЕУ даде конечно зелено светло…
Македонските камионџии денес ги блокираат сите гранични…
Поради најавата на транспортните превозници за блокада…