19 лица кои работеле со договор на дело вработени во дебарската болница
Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, доделени се решенија на 19 лица, кои, со години работеле со договор на дело.
-Повеќе од задоволство и гордост за мене е, да се види насмевка на 19-те лица кои до сега работеа со договор на дело. Како никогаш досега поделени се толку решенија за работа во ист ден. Нема да бидат нескромен но ќе кажам дека она што беше примарно по преземањето на функцијата директор во нашата болница, денес стана реалност. Со ова значително го подобруваме и зајакнуваме капацитетот на болницата, во интерес на жителите од нашето подрачје. Честитки и успех на сите, рече Мерсим Колеци, директор на болницата.
Како што изјави за МИА, решенија се доделени на 6 лекари, исто толку медицински сестри, како и на двајца лаборанти и четворица технички персонал, додавајќи дека од денес тие ги уживаат сите права и обврски што ги чекаа со години.
Дебарската болница со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа а во итни случаи дава услуги и за жителите на подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
Оваа здравствена установа има 177 вработени, вбројувајќи ги и нововработените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19 лица кои работеле со договор на…
Во Општата болница со проширена дејност во…
Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода…
Тетовецот Иво Бошкоски, кој со години гради…
Шампионка почина пред големо натпреварување
Шпанската бодибилдерка и шампионка во фитнес, Лорена…
Починато 9-месечно бебе донесено во велешката болница
Во СВР Велес, од Општа болница Велес…
Условна затворска казна за вработен во прилепската…
Условна затворска казна во траење од две…