2.500 британски војници пристигнуваат во Македонија

t

Од утре па до крајот на мај, Македонија ќе биде домаќин на припадници од седум НАТО-сојузнички армии во рамки на вежбата „Swift response 22“.

Како што соопшти британското Министерство за одбрана, 2.500 британски војници ќе учествуваат со 16 воздушно-борбени тимови и еден борбен тим на воздухопловната бригада.

Министерот за одбрана Бен Волас вели дека покрај Македонија, Лондон испраќа трупи и на воени вежби во Полска, Латвија и Финска, што е најголемо распоредување на британската војска во странство после Студената војна.

Првите луѓе на армијата истакнаа дека обемот на распоредување ќе ја одврати „агресијата“ во размери што не се видени во Европа овој век.

-Обединетото Кралство дава значаен придонес во одбраната на Европа и спречувањето на руската агресија. Серијата вежби на британската армија е фундаментална и за двете. Продолжуваме да се распоредуваме низ Европа, од Балтикот до Егејот, Генерал-полковник Ралф Вудис.

Од Генералштабот на АРМ информираа дека течат подготвителните активности, а најголемиот дел од нив ќе се одвиваат на Криволак и на Стенковец кај Скопје.

-Ова е досега најголема мултинационална вежба во Република Северна Македонија од ваков вид и единствена од осамостојувањето на државата во која ќе се реализираат воздушни десанти во овој обем, велат од Генералштабот на АРМ за Алсат М.

Акцентот на вежбата ќе се состои од активности во воздушниот простор со изведување на падобрански десанти, но и со активности на терен со учество на повеќе од 4.000 војници од армиите на Македонија, САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Албанија, Грција и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечен спомен ќе биде Карпалак – 23…

Масакрот кај Карпалак е најброен масакр врз…

Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во…

Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Армијата ангажира дополнителни 200 војници за гасењето…

Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на…

Припадничките на Армијата рамо до рамо со…

Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски…