20-годишник прободен со нож на новогодишната вечер

t

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23.

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23.

Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож. Тој е примен на Клиниката за торако-васкулара хирургија и е во стабилна состојба. Еден пациент, пак, е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и, исто така, е во стабилна состојба.

На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ беа извршени 103 прегледи од кои три беа од сообраќајни незгоди. Еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба. Имаше и три физички напади, еден пациент е примен на Клиниката за торако-васкулара хиругија. Се работи за убод со нож, но пациентот е во стабилна состојба. Сите останати случаи се со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, изјави д-р Ерен Сејфула, ортопед.

Според д-р Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија, бројот на актуните интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година.

Ноќта помина во најдобар ред. Го држиме порсекот од изминатите години со 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни. Најмладите пациенти годинава беа над 14 години, а најстариот 63 години. Сите прегледани во изминатите 24 часа се испратени на домашно лекување, ниту еден не е задржан, информира Наумовски, додавајќи дека многу често дел од пациентите не ја кажуваат вистината и велат дека пиеле само алкохол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец настрада во обид да ја заштити…

Горан С.(61) со прекар Роге од Врачево…

Две малолетни деца останаа без мајка –…

Трагично заврши семејната расправија меѓу бугарски пар…

(Видео) Трагедија: Маж почина откако го урдила…

Маж од Тексас починал откако бил погоден…

Маж се поли со бензин и се…

Маж се поли со бензин и се…

Маж од Неготино се удави во Охридското…

На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во…