Објавено на:

20% е излезеноста на претседателските избори во Црна Гора до 11 часот

t

Избори за претседател на кои право на глас имаат над 542.000 граѓани се одржуваат денеска во Црна Гора. Во игра се седум кандидати: Мило Ѓукановиќ, Андрија Мандиќ, Јаков Милатовиќ, Алекса Бечиќ, Горан Даниловиќ, Јован Радуловиќ и Драгиња Вуксановиќ Станковиќ. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот.

Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) објави дека до 11 часот на изборите во Црна Гора гласале 20,6 отсто од запишаните гласачи, околу 111.600 граѓани.

На претседателските избори во 2018 година излезноста беше нешто поголема – 3,3 отсто. На парламентарните избори во 2016 година излезноста до осум часот беше 3,5 отсто, а во 2020 година гласаа 5,8 отсто.

Во Црна Гора утрово во 7 часот се отворени избирачките места за претседателските избори, а гласањето ќе трае до 20 часот. Право на глас имаат 542.154 избирачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ