20 лековити билки кои морате да ги имате

t

Желудечна киселина
Доколку страдате од киселини, деглициринизираниот екстракт од сладок корен (лат. Glycyrrhiza glabra) може многу да ги олесни. Оваа билка го обложува хранопроводникот, го заштитува од иритација предизвикана од киселината и го намалува болното воспаление.

Претходно спроведените истражувања потврдуваат дека оваа билка олеснува воспаление, болка и други проблеми со гаститичниот систем.

Дозирање: Џвакајте две таблети по 250 мг 20 минути пред голем, зачинет или кисел оброк и земајте 6 таблети на ден. Оваа билка е во директен контакт со хранопроводникот, така што со џвакање на таблетите дава најдобри резултати.

Немојте да го замените со вообичаениот сладок корен бидејќи може да предизвика зголемување на притисокот. И секако не козумирајте за време на бременост или доење.

Анксиозност
Со козумирање на билката кава кава (лат. Piper methysticum) во текот на неколку часа може да ги олесните вашите проблеми, таа го смирува вашиот нервен систем со поврзување на мозочните рецептори при што се релаксирате.

Научниците правејќи истражувања заклучиле дека билката кава кава ефективно и безбедно ја потиснува анксиозноста.

Дозирање: има два начина на консумирање на билката кава кава. Земете капсули од 400-500 мг шест пати во текот на денот додека анксиозноста опаѓа. Или пак ставете 1 лажичка кава кава прав во 1 чаша топла вода. Оставете да одстои 5 минути, исцедете и пијте 6 чаши дневно.

Доколку не ви се допаѓа вкусот, ставете лажичка мед. Ќе почнете да забележувате подобрување по неколку часа од првата доза, но најдобри резултати се постигнуваат после месец или повеќе.

Не ја консумирајте оваа билка со алкохол или доколку имате проблем со црниот дроб како хепатитис. Не ја користете за време на бременост и доење.

Не предизвикува зависност доколку се користи во препорачани дози, нема споредни ефекти (поспаност, заборавеност), но доколку се користи подолго време и во поголеми дози може да се појави осипување на кожата.

Артритис
Темјанот ги олеснува симптомите на остеоартритис и ревматски артритис. Научниците сметаат дека лицата кои не реагираат добро на другите природни третмани често имаат подобрување со консумирање на темјан.

Двата типа на артритис вклучуваат воспалени, а темјанот ја инхибира хемикалијата која активира воспаление. (Активните состојки на оваа билка ја попречуваат работата на ензимите кои предизвикуваат отекување и воспаление на зглобовите).

Студиите покажуваат дека темјанот значително ја намалува болката, отокот и утринската вкочанетост. Истражувачите заклучуваат дека оваа билка делува исто како и конвенционалната терапија како аспиринот на пример, но има помалку нус појави.

Дозирање: Земајте 400 мг темјан три пати на ден. Потребно е секојдневно да го консумирате најмалку една недела за да почувствувате олеснување. Оваа билка е безбедна за користење, но кај некои луѓе може да предизвика благи стомачни тегоби. Не се правени тестирања кај бремени жени и доилки, затоа консултирајте се со вашиот лекар пред да го користите.

Астма
Келин (Ammi visnaga) помага во спречување на нападите на астма уште пред да започнат. Научниците не можат потполно да разберат како всушност делува оваа билка., но знаат дека ги шири бронхијалните канали, ги опушта мускулите кои се грчат во текот на астматичните напади, што овозможува полесно дишење.

Дозирање: поради сериозната природа на астмата, користете ја оваа билка под контрола на професионалци. Земете ¼ од лажичката течен екстракт од билката кела двапати дневно. Ќе забележите подобрување за два до три дена што постепено ќе се зголемува.

Доколку вашата астма е предизвикана од алергија, консумирајте ја билката во сезоната на алергии. Но доколку страдате од астма во текот на целата година потребно е константно да ја земате.

Не ја користете за да спречите астматичен напад кој веќе почнал, затоа користете ги конвенционалните лекови. Не ја користете за време на бременост и доење. Може да ве направи повеќе осетливи на сончева светлина, затоа носете заштита кога и да излегувате надвор повеќе од 15 минути.

Конгестивна срцева мана
Доколку страдате од конгестивна срцева мана и живеете во Германија докторот ќе ве третира со шипинки што е почитуван третман за срце во оваа земја. Оваа билка ја подобрува способноста на срцето да пумпа крв, го подобрува протокот на крв, ги тонира и опушта крвните садови и е сигурен.

Во едно истражување спроведено во Германија се открило дека лицата со срцева мана после три месечна употреба на оваа билка можеле да вежбаат подолго, чувствувале помалку замор и имале квалитетен живот.

Дозирање: поради сериозната природа на конгестивната срцева мана и поради тоа што шипинките може да ги зголемат ефектите на некои лекови за срце, консултирајте се со вашиот лекар доколку сакате да ја консумирате.

Може да ја користите на еден од следниве начини: обидете се со ½ лажичка екстракт од шипинки два или три пати дневно. Или пак обидете се со капсули од 120-240 мг три пати дневно. На оваа билка и се потребни 4 до 8 недели за да ги почувствувате ефектите.

Депресија
Кантарионот е шампион во третирање на депресија. Истражувачите заклучиле дека цветовите од кантарионот се исто толку ефикасни како и фармацевските лекови, но имаат половина секундарни ефекти.

Оваа билка ги намалува стрес хормоните во вашето тело.

Дозирање: по правило се пие чај три пати дневно или пак капнете 30 капки екстракт од кантарион во чаша со вода 4 пати дневно. Бидете трпеливи. Потребни се четири до шест недели за да го подобрите своето расположение.

Доколку не почувствувате подобрување и после осмата недела, консултирајте се со лекар за промена на третманот. Секако консултирајте се и пред да ја комбинирате оваа билка со други лекови бидејќи може да ги намали нивните ефекти, како што е случајот со контрацептивните пилули и лековите за ХИВ и срце.

Побарајте совет од доктор или терапевт доколку вашата депресија е сериозна или пак се чувствувате суицидно. Не е тестирано кај бремени жени и доилки затоа консултирајте се со медицинско лице.

Дијабет
Гимнема е билка која може да ги редуцира симптомите на дијабетис со стимулирање на панкреасот да испумпува повеќе инсулин. Оваа билка со векови се користи во Индија како природен лек за дијабетис, но истражувањата се сеуште прелиминарни.

Во една студија е објавено дека оваа билка помага при регулирање на нивото на шеќер во крвта и затоа се препорачува на оние лица кои страдаат од дијабетис тип 1 и 2 задолжително со претходна консултација со лекар.

Дозирање: дијабетисот е сериозна состојба, затоа секогаш консултирајте се со медицинско лице дури и кога не примате други лекови. Земајте 400 мг три пати дневно со оброк. За да ги забележите придобивките од оваа билка потребни се три до четири недели.

Има малку секундарни појави, но консултирајте се со лекар доколку сте бремени ила пак доите.

Зголемена простата
Повеќето мажи над 50 години и повеќе треба да знаат за назабената палма (Serenoa repens). Оваа билка ги редуцира проблемите со зголемена простата што е карактеристичен проблем на возрасните мажи.

Прегледите направени кај повеќе од 20 пациенти покажале дека оваа билка ги намалува симптомите на зголемена простата, вклучувајќи и ноќно мокрење и е ефикасна исто како и препишаните лекови но со помалку споредни ефекти.

Дозирање: консумирајте 320-640 мг од оваа билка во текот на денот. Многу подобро ќе се апсорбира доколку ја консумирате со оброк кој содржи малку маснотии. Ќе почнете да ги забележувате промените за 6 недели.

Оваа билка може вештачки да го намали специфичниот антиген (ПСА) за кој се смета дека укажува на ризик од канцер на простата., затоа консултирајте се со вашиот лекар.

Замор
Најдобар отстранувач на заморот е билката сибирски женсен (Siberian ginseng). Оваа билка сигурно и ефикасно ја зајакнува надбубрежната жлезда така што вашето тело подобро реагира на стрес (нешто што може сите да го користиме).

Исто така билката жансен може да го регулира и циклусот на спиење поради што ќе се чувствувате поодморени, а може да го подобри и нивото на енергија кај сменските работници.

Дозирање: консумирајте капсули од 400 мг или 15-20 капки течен екстракт. Едната доза земајте ја со појадок, а другата со ручек. Избегнувајте да ја консумирате доцна во текот на денот бидејќи тешко ќе заспиете ноќта.

Би требало да се чувствувате помалку заморни само по неколку часа од земањето на првата доза. Не смее да се користи за време на бременост и доење, доколку имате срцеви проблеми или пак висок крвен притисок.

Алергија на поленов прав
Доколу страдате од алергија на поленов прав, билката видова трева (Euphrasia officinalis) е феноменално решение. Оваа билка прави вашиот имунолошки систем да биде помалку реактивен на надворешните алергени.

Научниците истакуваат дека таа содржи анти воспалителни компоненти кои го намалуваат отокот, чешањето и течењето на носот.

Дозирање: земете ¼ од лажичката течен екстракт од билката четири пати на ден. Би требало да почувствувате подобрување уште во првите 24 часа, иако кај некои тоа може да биде и подоцна.

Значи оваа билка е безбедна за употреба, но немојте да ја употребувате без консултација со доктор доколку сте бремени или пак доите.

Херпе с
Херпесот е вирус кој може да биде заразен, но ќе бидете изненадени од сознанието дека градинарска билка може да ги намали симптомите. Билката матичник или маточина (Melissa officinalis) се користи за превенција и лекување на чир и генитален херпес кои се предизвикани од херпес вирусот.

Состојките од билката се врзуваат со рецепторите на вирусот со што спречуваат негово ширење. Оваа билка исто така ги намалува симптомите на чешање, печење, отекување и штипење, а го забрзува и зараснувањето.

Со редовно користење на крема на база на маточина може да се спречи повторното избивање.

Дозирање: нанесете тенок слој од кремата на база на маточина врз областа која сакате да ја третирате најмалку четири пати на ден. Веднаш ќе почувствувате олеснување. Оваа билка нема негативни ефекти и може да ја користите локално и за време на бременост.

Бидејќи херпесот е заразен, билката маточина не може да го спречи неговото ширење кај други лица.

Висок крвен притисок
Билката глуварче може да го намали високиот крвен притисок. Оваа билка делува како диуретиците со намалување на волуменот на крвта, со што се намалува крвниот притисок.

Дозирање: земајте капсули од ливчињата на глуварчето (не од коренот) од 400 до 800 мг поделено во две дози со оброк. За неколку часа ќе ги забележите диуретичките ефекти (односно ќе уринирате почесто) што ќе доведе до намалување на крвниот притисок.

Немојте да го земате глуварчето доколку имате камен во жолчка или обструкција на жолчниот канал бидејќи може да доведе до влошување на проблемот. Консултирајте со вашиот лекар пред употреба на оваа билка доколку сте бремени или доите.

Диуретиците може да го намалат дејството на некои лекови, затоа консултирајте се со вашио лекар.

Висок холестерол
Никој не знае како точно делува индиската билка гугул, но таа може да го поврзе холестеролот во вашето црево со што ќе го елиминирате уште пред и да навлезе во крвотокот.

Истражувачите го истражувале дејството на оваа билка повеќе од 30 години и заклучиле дека таа го намалува серумскиот холестерол за 18%, ЛДЛ (лошиот) холестерол за 13% и триглицеридите за 12%.

Дозирање: доколку имате висок холестерол, користете гугул но под контрола на вашиот лекар. Земајте 250 до 500 мг три пати дневно со оброк. Консултирајте се со медицинско лице доколку сте бремени или доите.

Во ретки случаеви, некои луѓе може да почувствуваат блага болка во стомакот, гадење или осип по кожата, во тој случај намалете ја дозата.

Несоница
За пријатни соништа користете ја билката валеријана. Оваа билка содржи супстанца која има помага на луѓето да се опуштат и заспијат. Во Германија била споведена една студија во која биле вклучени 75 лица што страдаат од несоница.

Еден дел од нив земале валеријана, а друг дел лекови за несоница 30-на минути пред спиење. Билката дејствувала исто така добро како и лековите и имала помалку нус појави. Друга студија покажала дека валаријаната им помага и на луѓето кои не можат да спијат од стрес.

Дозирање: земете ½ лажичка течен екстракт во чаша со вода за време на вечерата и уште еднаш пред легнување. Оставете го шишенцето покрај креветот и доколку се разбудите во текот на ноќта ставете уште ½ лажичка.

Најдете течен екстракт направен од свеж корен кој е подобар од таблетите или течниот екстракт направен од сушена валеријана. Не земајте од оваа билка доколку имате испиено повеќе од една или две чаши вино со вечерата, алкохолот може да ги зголеми ефектите на билката.

Со земеање на билката некои луѓе може да бидат повеќе стимулирани отколку смирени. Запрете со нејзино земање доколку се чувствувате нервозни. Советувајте се со медицинско лице пред земање на валеријана доколку сте бремени или доите.

Синдром на раздразливи црева
Само мала количина на пеперминт масло (масло од нане) може да ги намали симптомите предизвикани од синдромот на раздразливи црева. Маслото ги опушта мускули во дебелото црево, ги спречува грчевите и болката што ги мачи лицата кои страдаат од овој синдром.

Исто така може да помогне и при констипација, чест симптом на синдромот, со зајакнување на мускулните констракции така што отпадокот се исфрла преку цревата. Неодамнешните истражувања покажуваат дека капсулите од нане ефикасно ја намалуваат болката кај децата со овој синдром.

Дозирање: земајте обложени капсули кои содржат 0,2 мл пеперминт масло една со вечерата и уште една пред спиење. Обложените капсули остануваат цели се додека стигнат до цревата, каде што ги ублажуваат симптомите на ИБС.

Ментолот од пеперминт маслото кај одредени лица може да предизвика киселина во желудникот (доколку се случи тоа, земајте го пред вечерата). Не ги земејте за време на бременост и доење без консултација со медицинско лице.

Губење на меморијата
Доколку вашата меморија попушти, многубројните истражувањата ја неведуваат индиската билка бацопа (Bacopa monnieri) за која сметаа дека може да ја изостри.

Студиите откриваат дека возрасните лица кои секојдневно консумираат од билката бацопа имаат подобра краткорочна меморија бидејќи оваа билка делува со активирање на мемориските секции во мозокот, што овозможува тие да функционираат подобро.

Дозирање: доколку користите прав од билката бацопа, измешајте ¼ до 1 лажичка во чаша вода и пијте 3 чаши дневно. Доколку користите капсули, земајте капсули од 60 мг три пати дневно.

Ќе забележите подобрување од втората до четвртата недела, но мора да ја земате секојдневно за да има резултати. Придобивките ќе ги чувствувате се додека ја земате билката. Нема негативни ефекти, но консултирајте се со медицинско лице за време на бременост и доење.

Мигрена
Доколку страдате од мигрена, мора да се обидете со билката дива камилица (Tanacetum parthenium). Многубројните студии покажуваат дека оваа билка ја спречува мигрената кај повеќето луѓе и има помалку несакани ефекти.

Оваа билка го инхибира ослободувањето на серотонин, елемент во мозокот кој може да ја активира мигрената и го опушта стегањето на крвните садови во главата.

Дозирање: земајте 125 мг од оваа билка два пати дневно. Можеби ќе бидат потребни 4 недели секојдневна употреба пред да ги забележите првичните резултати. Меѓутоа нема да ја спречи мигрената која е веќе започната.

Во ретки случаи може да предизвика блага вознемиреност на стомакот. Консултитајте се со медицинско лице доколку користите конвенционални лекови за мигрена иако не делува врз нив. Да не се користи за време на бременост и доење без консултација со лекар.

Ноќно губење на видот
Доколку имате проблем со вашиот вид штом падне ноќ, боровинка е вистинското решение за вас. Виолетовите пигменти во плодот на боровинката, го регенерираат важниот протеин кој им помага на очите да се адаптираат на промените во количината на светлината.

Овој пигмент е нарушен од сончевата светлина, при што доведува до замаглување на видот. Боровинката исто така ги штити очите од оштетување од страна на слободните радикали предизвикани од староста и сончевата светлина, а екстрактот од боровинка го запира и прогресот на катаракта и оштетувањата во врска со дијабетис.

Дозирање: земајте капсули од 120 до 240 мг двапати дневно или јадете ¼ или ½ од чашата боровинки во текот на денот. Консултирајте се со медицинско лице доколку сте бремени или доите.

Чир во желудникот
Докажано е дека деглициринизираниот екстракт од сладок корен (лат. Glycyrrhiza glabra) помага и во лекување на чир во желудникот така што го обложува ткивото и го намалува воспалението.

Оваа билка го зголемува нивото на масните киселини при што помага во заштитата и лекувањето на чиреви. Повеќето студии откриваат дека третирањето на чир со оваа билка е исто толку ефикасно како и со конвенционалните лекови но со помалку негативни ефекти.

Всушност, конвенционалните лекови го потиснуваат излачувањето на масните киселини со што го зголемуваат ризикот од појава на чир и крварење.

Дозирање: џвакајте 2 до 4 таблети по 250 мг два пати дневно со оброк. Оваа билка е безбедна за долготрајно користење, но за да имате резултати мора да ја внесувате секојдневно. Доколку инфекцијата е предизвикана од бактерија бидете свесни дека оваа билка не ги убива бактериите. Во тој случај заедно со лицориа користете ја и билката канадски жолт корен (Hydrastis canadensis).

Оваа билка содржи антибиотско соединение наречено берберин кој ги уништува бактериите и затоа е позната како најделотворен природен антибиотик. Земајте 4 капсули од 500 мг жолт корен во текот на денот со оброк.

Меѓутоа внимавајте, долготрајната употреба може да им пречи на добрите бактерии во вашите црева, затоа не ја користите подолго од една недела без консултација со медицинско лице. Избегнувате ги обете билки за време на бременост и доење.

Проширени вени
Дивиот костен може да ги минимизира проширените вени и да го спречи нивното понатамошно појавување. Аесцинот и другите состојки на оваа билка ги подобрува слабите капилари и вени, ги намалува проширените вени, ја олеснува болката и отокот.

Дивиот костен ефикасно ја намалува болката во нозете предизвикана од хронична венска инсуфициенција (состојба која е во врска со проширените вени) четири пати поефикасно од плацебо. Сепак оваа билка третира само состојба на благо до умерено проширување на вените, а доколку вашата состојба е сериозна оваа билка нема да ви помогне.

Дозирање: земајте капсули див костен од 300 мг два пати дневно. Како превенција од проширени вени земајте 2 капки течен екстракт три пати дневно. Резултатите ќе почнете да ги забележувате после четири до осум недели употреба.

Искуството покажува дека со употреба на оваа билка може да почувствувате некои споредни ефекти како вознемиреност во стомакот, главоболка и гадење и во тој случај редуцирајте ја дозата.

Дивиот костен ја ослабнува крвта, затоа немојте да го користите заедно со други лекови или аспирин или пак пред операција. Консултирајте се со медицинско лице за време на бременост и доење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…