20 лица починале поради грешка во лабораторија за тестирање на Ковид-19 во Британија?

t

Англиската владина агенција одговорна за справување со итни случаи во јавното здравство соопшти дека грешка во лабораторија за тестирање предизвикала десетици илјади лица, кои биле позитивни на коронавирусот, да добијат погрешни резултати од тестот и да им се каже дека се негативни, што веројатно довело до смрт на дури 20 лица.

Велика Британија има една од најголемите бројки на жртви на коронавирусот во светот – со повеќе од 177.000 сметни случаи од од почетокот на пандемијата во 2020 година.

Многу експерти изјавија дека програмата за следење контакти е далеку под светскиот систем, што го вети владата.

Истрагата на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) покажа дека лабораторијата „Именса“ во централна Англија, меѓу 2 септември и 12 октомври минатата година, погрешно пријавила околу 39.000 тестови како негативни, во ситуација  кога тие биле позитивни.

Причината за грешките е неправилното поставување на нивото на прагот за пријавување позитивни и негативни резултати од примероците на ПЦР за Ковид-19, се наведува во извештајот на УКХСА по завршувањето на истрагата.

Како резултат на тоа, многумина продолжиле со секојдневниот живот и не се самоизолирале, иако имале Ковид-19.

УКХСА соопшти дека грешките можеле да резултираат со до 55.000 дополнителни инфекции во областит каде што биле пријавени лажни негативни.

Клиниката „Именса“, приватна компанија што ја води лабораторијата, е основана во мај 2020 година и доби договори во вредност од 203,63 милиони американски долари за обработка на резултати од ПЦР тестови.

Сопствениците на „Именса“ не одговориле на барањето за коментар.

-Во оваа истрага внимателно ги разгледавме аранжманите за надзор на договорите на приватните лаборатории што во тој период ги вршеа итните тестирања, изјави Ричард Глив, директор на УКХСА и главен истражувач. 

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…