20 најмоќни руски олигарси, меѓу кои и Роман Абрамович “ѝ објавија војна” на ЕУ
Од почетокот на војната, најмалку 20 од најмоќните руски олигарси ја тужеа Европската унија поради санкциите што им ги воведе откако претседателот на нивната земја, Владимир Путин, изврши инвазија на Украина, објави бриселски Политико.
Според сознанијата на „Политико“, руските олигарси поднеле тужба до Европскиот суд на правдата, барајќи да им се одмрзне имотот и да се одблокираат визите.
Меѓу олигарсите кои ја тужеа ЕУ е и Роман Абрамович, поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, кој во март беше казнет поради неговите блиски врски со Путин. Милијардерот, кој неодамна го продаде фудбалскиот клуб од Лондон за 4,25 фунти, негира дека има добри односи со Путин.
На списокот на тужители се и други санкционирани лица, како Михаил Фридман, Питер Авен и Алишер Усманов, кој беше еден од првите кои поднесоа тужба.
ЕУ го санкционираше Фридман, основачот на руската компанија „Алфа груп“ и неговиот деловен партнер Питер Авен на 28 февруари, четири дена по почетокот на руската инвазија на Украина. Мета на санкции беше и Алфа банка, основана од Фридман, поради што и двајцата олигарси поднесоа оставки од позициите што ги имаа во банката.
Исто така, и двајцата го напуштија управниот одбор на лондонската инвестициска компанија „LetterOne“, чиј ко-основач беше Фридман. Претседателот на таа компанија во март за „Фајненшл тајмс“ изјави дека на вработените не им било дозволено да разговараат со Фридман и дека му бил блокиран пристапот до документите.
ЕУ во објаснувањето за санкциите рече дека Авена била „еден од најблиските олигарси на Владимир Путин“, а Фридман, чие богатство Блумберг го проценува на околу 10,9 милијарди долари, „е познат како врвен руски финансиер и помошник на потесниот круг на Путин“.
Фридман исто така беше на удар и на судските органи на Украина. Пред три недели, Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина објави дека запленила хартии од вредност на кипарски компании во вредност од повеќе од 12,4 милијарди украински гривни (419,7 милиони долари) кои се чуваат во банката Фридман во Украина.
Ќе расте бројот на тужби
На мерките што ги презема западниот блок против нив се жалат и руските компании. Телевизијата РТ поднесе тужба за суспензија, која беше прифатена од Генералниот суд на ЕУ, а уште едно рочиште за овие тужби е закажано за 10 јуни. Рускиот фонд за директни инвестиции поднесе жалба откако ЕУ во март ги забрани инвестициите во фондот. Руската државна развојна корпорација ВЕБ.РФ, чиј претседател беше назначен од Путин, исто така покрена судска постапка.
Се очекува да бидат покренати повеќе случаи во следните неколку недели и месеци, бидејќи ЕУ досега санкционираше повеќе од 1.000 луѓе. ЕУ има различни резултати кога се во прашање ваквите тужби. Од 2008 до 2015 година, блокот загуби околу две третини од правните спорови поврзани со санкциите што ги воведе.
Но, дури и ако олигарсите ги добијат случаите, можеби нема да си ги вратат парите. Советот на ЕУ секоја година издава нова листа на санкционирани лица, што значи дека олигарсите би можеле повторно да се додадат на листата, дури и ако ги добијат сите судски процеси.
На пример, поранешниот украински претседател Виктор Јанукович поднесува жалби со години. Неговиот имот беше замрзнат во 2014 година поради проневера на државни средства, а веднаш потоа беше соборен со масовни демонстрации. Во јуни минатата година, Судот на ЕУ пресуди во негова корист, но ЕУ најави дека санкциите ќе останат во сила, бидејќи се појавија уште два случаи против него.
Судот на ЕУ ја отфрли жалбата на миијардерот познат под псевдонимот „готвачот на Путин“
На почетокот на јуни, Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на рускиот милионер Евгениј Пригожин, кој побара да биде избришан од списокот на лица под санкции на ЕУ.
Пригожин, познат како „готвачот на Путин“, се пожали на судот за санкциите воведени во 2000 година за финансирање на платеници од паравоената група Вагнер кои се обвинети за воени злосторства во Либија. Највисокиот суд на ЕУ, со седиште во Луксембург, одлучи дека санкциите се целосно во согласност со законот. Судот во образложението наведува дека за тоа има „конкретни, прецизни и конзистентни докази“.
Со одлуката за санкции, ЕУ го замрзна имотот на Пригожин на своја територија и го стави на листата на визни забрани. Неодамна се најде на списокот на санкционирани поради војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…