200 евра сметка никогаш не cум платил: Граѓаните шokирани од новите сметки за струја

t

Првоаприлска шега во јануари или навестување дека струјата веќе не е евтин енергенс за затоплување, коментираат граѓаните кои добија декемвриски сметки со повисоки износи од вообичаено за зимскиот период. Тие што се топлат на струја велат дека добиле двојно повисоки сметки за декември, а некои од нив веќе реагирале во ЕВН и во регулаторната комисија за енергетика и очекуваат корекција на сметката, пренесува Плусинфо.

Од ЕВН, пак, велат дека ниските температури се причина за поголемата потрошувачка на струја и повисоките сметки. Тврдат дека нивните екипи редовно ги читаат струјомерите и дека така било и за овој месец. Оттаму им препорачуваат на граѓаните сами да ги читаат струјомерите и доколку забележат разлика во фактурата да реагираат електронски или директно во Корисничките енергоцентри на ЕВН.

– 200 евра сметка за декември ниедна зима не сум платил. Во зимските месеци секогаш сметката доаѓала до 100 евра, но сега е двојна. Инаку веќе неколку години се топлиме на инвертер и сметките се многу пониски од порано, но годинава не е така. Нешто се случило, дали не е прочитано броилото или има друга причина, но немаме некои дополнителни трошоци на струја. Не реагирав, но мислам дека треба бидејќи не е мала разликата – вели жител на Ѓорче Петров.

Од ЕВН велат дека декемвриските сметки се повисоки поради ниските теператури и користењето на струјата за затоплување.

Извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

Дел од Општина Карпош утре без струја

Во текот на утрешниот ден, без електрична…