200 редовни ученици ќе се примат во Средното полициско училиште
МВР објави јавен повик за запишување на ученици во Средното полициско училиште, кое продолжува да функционира по 25 години пауза.
-Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија во Министерството за внатрешни работи, се наведува од МВР.
Образованието ќе трае две учебни години и ќе ги опфати третата и четвртата година од средното образование. Кандидатите кои ќе имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе можат да се пријават на јавен конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во средното полициско училиште.
Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно да продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…