21-годишник осомничен за силување на малолетничка, Обвинителството бара притвор
Дваесет и едногодишен маж е осомничен дека во повеќе наврати силувал 14-годишно девојче во стан во Битола, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија.
Битолското Основно јавно обвинителство, според соопштението, донело наредба за отворање на истрага против осомничениот кој, како што се наведува, се товари за продолжено кривично дело силување дете од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
„Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата ‘Прилепска’ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче“,
се наведува во соопштението.
Надлежниот обвинител од Основниот суд во Битола бара на осомничениот да му биде одреден притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…