210 Бугари од Македонија се пријавиле за гласање на денешните избори во Бугарија
На денешните парламентарни избори во Бугарија се пријавиле да гласаат само 210 од вкупно 3.504 регистрирани Бугари во Македонија.
Најмногу пријавени има во Струмица 62, потоа во Охрид 56, Прилеп 52, Скопје 29 и најмалку во Битола. 11 гласачи. Сепак, пријавувањето е можно и директно на избирачките места.
Бугарија денеска гласа за избор на 52. состав на Народното собрание, во уште еден важен изборен ден што го привлекува вниманието на јавноста поради политичката динамика во земјата во последните години.
Гласачките места се отворија во 7:00 часот и ќе останат отворени до 20:00 часот, а доколку има редици од граѓани кои чекаат да го остварат своето право на глас, гласањето може да биде продолжено најдоцна до 21 часот.
Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. Вкупно 4.786 кандидати се натпреваруваат за 240 пратенички места. Од нив, 1.440 се жени, додека 3.343 се мажи.
Низ целата земја се отворени околу 12.000 гласачки места, со цел да им се овозможи на граѓаните лесен пристап до гласањето. На 9.354 избирачки места гласањето се спроведува со помош на машини и хартиени гласачки ливчиња, а на 3.367 избирачки места ќе се гласа само со хартиени гласачки ливчиња.
Обезбедени се вкупно 1.251 гласачко место прилагодено за лица со попреченост. На овие локации се поставени тактилни шаблони за слепи и слабовидни лица, како и QR кодови кои овозможуваат текстот од гласачките ливчиња да се претвори во аудио форма, со што се олеснува самостојното гласање.
Според Централната изборна комисија, право на глас имаат 6.575.151 граѓани. Од избирачкиот список, дел од лицата немаат право на глас поради законски ограничувања, додека се издадени и дозволи за гласање на друго место за членови на изборните комисии, набљудувачите и кандидатите.
Гласаат и Бугарите надвор од земјата, на 493 избирачки места во 55 држави. Како што соопшти бугарското МНР, гласањето за новиот состав на Националното собрание во странство започна синоќа во 22 часот по бугарско време, а ќе заврши во 6 часот наутро во понеделник, 20 април.
Овие избори се дел од серијата чести парламентарни гласања во последните години, што ја одразува нестабилноста и променливата политичка сцена во земјата. Граѓаните повторно имаат можност да го дадат својот глас и да влијаат врз идниот состав на парламентот и насоката во која ќе се движи државата во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
210 Бугари од Македонија се пријавиле за…
На денешните парламентарни избори во Бугарија се…
25 години од почетокот на воениот конфликт…
Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…
Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…
Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…
Обоена со сина боја зградата на МВР…
Денес на 7 март, светот ќе им…
Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…