22-годишник од Штип кој возел со 1,53 промили алкохол во крвта
Полицијата информира дека денеска во 3 часот по полноќ, на улицата „Гоце Делчев“ во Штип бил приведен 22-годишен маж, откако било утврдено дека управува возило под алкохолизирана состојба, односно било констатирано дека има 1,53 промили алкохол во крвта.
-Денеска (13.04.) во 03.41 часот на ул.„Гоце Делчев” во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода П.Ј.(22) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле П.Ј. кој што управувал патничко возило „Сеат” со штипски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај- соопштија од МВР.
Оттаму додаваат дека за настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесена пријава за сторено цело – „безобѕирно управување со моторно возило”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…