23-ГОДИШЕН КРАТОВЧАНЕЦ БИЛ ВО ЉУБОВНА ВРСКА СО МАЛОЛЕТНИЧКА: Лицето е приведено и осомничено за обљуба
Дваесет и тригодишен кратовчанец бил приведен од полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово поради сомнение дека обљубил малолетничка.
– Во текот на вчерашниот ден, 7 декември 2023 година, во 16.45 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода дваесет и тригодишниот К.Г. од Кратово кој се сомничи дека упатил закани кон малолетничка од Куманово, со која претходно бил во љубовна врска. Истото лице се сомничи и дека извршило полови дејствија врз неа – информира Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.
Кратовчанецот К.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…
Додека во Србија се протестира Вучиќ игра…
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот…
„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара…
На големи неправилности уште вечерта кога гореше…
(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…
Мајка на син кој бил диџеј во…
ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Улиците на Белград се…
Во Белград започна собирот за протестот „Се…