24-годишен скијач од Данска е повреден од снежна лавина на Попова Шапка

t

24-годишен скијач од Данска е повреден од снежна лавина на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“.

-Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој, според пријавеното, бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Инаку, вчера од Националниот парк Шар Планина предупредија на внимателност бидејќи забележано било значително зголемување на лавинската опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24-годишен скијач од Данска е повреден од…

24-годишен скијач од Данска е повреден од…

(Видео) Данската премиерка го посети Гренланд

Данската премиерка Мете Фредериксен го посети главниот…

Црна Гора ја почитува одлуката на Грелнланд…

Црна Гора го почитува правото на гренландскиот…

„Не го чепкајте Гренланд“ – Илјадници луѓе…

Масовни демонстрации се одржуваат во Копенхаген против…

Најавен протести денеска во Данска и Гренланд…

Големи протести против најавите на американскиот претседател…