24-часовен штрајк на бродскиот сообраќај во Грција

t

Траектите во цела Грција денеска ќе останат закотвени на пристаништата поради 24-часовниот штрајк организиран од Грчката поморска федерација поради убиството на 36-годишниот маж, кој минатата недела трагично го загуби животот откако беше турнат од член на екипажот додека се качуваше на бродот за Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Од федерацијата, штрајкот го закажаа минатата седмица, започна денеска една минута по полноќ и ќе трае во текот на целиот ден, а по трагичниот случај велат дека за жал, уште еднаш беше констатирано дека „несоодветната имплементација на законите и регулативите кои се однесуваат на безбедноста на поморскиот превоз и на пристаништата може навистина да доведе до катастрофални резултати“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турист почина по каснување од пајак во…

Маж кој бил каснат од отровен пајак…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…