24.000 НАТО-војници на Балканот ќе вежбаат борба против Русија
Над 24.000 војници најмногу од САД, Балканот но и други држави и региони од Европа во периодот што следи ќе одржуваат поврзани серии на вежби кои ќе симулираат одвраќање на евентуален напад на Русија. Во тој контекст деновиве американските и сојузничките сили се во движење низ целиот Балкан, информира реномираниот портал „Балканска безбедносна мрежа“.
Како што пренесува медиумот наскоро цела американска бригада од некаде 7.000 војници ќе биде префрлена од континенталниот дел на САД во регионот и заедно со контингентите членки и партнери на НАТО ќе се одржуваат поврзани воени вежби кои ќе кулминираат со голема вежба која треба да се одржи на реката Дунав. Сето тоа е составен дел од пошироката европска активност, привремено наречена „Дифендер 3“ на која се очекува учество на над 7.000 војници од САД и 17.000 други војници од над 20 армии и НАТО земји партнери, наведува „Балканска безбедносна мрежа“.
Една од трите големи вежби во рамките на „Дифендер 3“ е „Брз одговор 23“ кој треба да се одржи на територијата на поранешна Југославија, Албанија, Грција и Бугарија. Главната динамика на вежбата ќе биде од 22 мај до 2 јуни и во таа фаза од маневарот, американските сили ќе вежбаат со сојузниците на нивните полигони.
Целта е на потенцијалниот противник да му се покаже одлучноста на САД и нивните сојузници да одговорат на предизвикот поставен од агресијата на противникот во близина на јужното крило на НАТО. Јасно е дека тоа се однесува на Русија и дека вежбата е демонстрација на сила и потврда на решителноста на САД да ја заштитат црноморската рута и Балканот.
Косовските безбедносни сили едени од учесниците на воените вежби
За потребите на вежбата ќе се формираат три наменски привремени единици еквивалентни на бригада – Тактичка група Север (наменски сили Север) во Хрватска, Словенија и Црна Гора, Група Југ (Работна група Југ) на територијата на Албанија, Македонија и Србија, односно Косово, каде што ќе учествуваат на вежбата и Косовските безбедносни сили (КБС) и оперативните сили Црното Море во Бугарија.
Првите подготвителни секвенци на „Брз одговор 23“ започнаа уште во март кога американски бродови истоварија дел од воената опрема во Грција. Во поморскиот дел од вежбата, една пешадиска бригада веќе се транспортира под придружба на воени бродови. Потоа следи динамиката на вежбата во која американските сили ќе се симнат во албанското пристаниште Драч, и дел од силите на аеродромот во Скопје и дел во Грција. Сите баталјони ќе имаат вежба за гаѓање во живо на полигонот Криволак.
Дифендер 23 најголема активност на САД и НАТО сојузниците досега
Дифендер 23 е најголемата активност на американската војска и НАТО сојузниците и партнерите во Европа оваа година. Се чита како именка, но се залага за одвраќање и засилена подготвеност. Првично, маневрите требаше да бидат навистина одбранбени, но војната на истокот е мотив да се испрати порака до Москва за решителноста на НАТО и затоа важните термини станаа зајакнување на одбраната на источното крило на сојузот, и во правец на Црното Море на југ и во балтичкиот правец на север.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…