2,5 милијарди фунти! Британскиот премиер во Киев го претстави најголемиот пакет воена помош за Украина

t

Британскиот премиер Риши Сунак, за време на неговата посета на Киев, го претстави новиот пакет воено финансирање за Украина со цел земјата да се увери дека Западот продолжува да ја поддржува.

Пакетот за помош, кој важи за следната фискална година и е вреден 2,5 милијарди фунти (3,2 милијарди долари), е најголемиот што Велика Британија и го дала на Украина од почетокот на војната.

Имено, тоа е за 200 милиони фунти (233 милиони долари) повеќе од претходниот годишен пакет, соопшти британската влада.

Денеска сум тука со една порака: Обединетото Кралство … нема да се поколеба. Ќе бидеме со Украина, и во нивните најтемни времиња и во подобрите времиња што доаѓаат“, изјави Сунак.

Пакетот вклучува средства за набавка на ракети со долг дострел, илјадници дронови, противвоздушна одбрана, артилериска муниција и за финансирање на поморската безбедност, соопшти кабинетот на Сунак.

Британската помош за Украина пристигнува во време кога финансиската помош од САД и Европа е во застој поради политички несогласувања.

Украинските власти ја поздравија британската најава и ја претставија како доказ дека западната поддршка за нејзината борба против Русија не опаѓа, како што стравуваат некои.

Сунак и Зеленски потпишаа билатерален безбедносен договор за следните 10 години.

Тој договор ќе остане во сила додека Украина не добие членство во НАТО, за што се надеваме, рече Зеленски.

Деталите за договорот ќе бидат објавени подоцна, соопштија официјални лица.

Официјален Киев бара од Западот да испрати повеќе помош, бидејќи исцрпувачка војна не предизвика големи промени долж замрзнатата линија на фронтот, а двете страни се свртеа кон напади со долг дострел, проектили и дронови.

Сунак рече дека ја направил Украина прва дестинација за странска посета оваа година, со цел да и испрати „силен сигнал“ за поддршка, што укажува на „сериозноста на ситуацијата овде и решеноста да биде со Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина

Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…

Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…

Денеска во Министерството за внатрешни работи се…

(Видео) Нов украински напад на руска територија,…

Нападот со беспилотни летала изведен во текот…