30 ноември неработен ден за администрација и училишта поради министерскиот состанок на ОБСЕ

Владата, во врска со 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје, на предлог на Министерството за надворешни работи, донесе одлука, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје, на 29-ти ноември 2023 година, да заврши во 12:00 часот.
А, на 30-ти ноември 2023 се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје.
Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање.
Се препорачува на општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците. Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски” и хотелот „Александар Палас”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка…
Организацијата за безбедност и соработка во Европа…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…