30 дневен притвор за лицето кое го запали угостителскиот објект на државниот правобранител Речи во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.У.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице, со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка” во Охрид. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.
Се работи за објактот кој е во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжен притворот за ќерката која со чекан…
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…
Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан во…
Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, господин…
Утре e ден на жалост во Охрид…
Советот на Општина Охрид на денешната вонредна…
Крвав инцидент синоќа во Охрид, тројца млади…
20-годишен жител на Охрид е уапсен откако…
Се претставувал како адвокат, иако функцијата му…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40)…