Објавено на:

30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип

t

Триесет дневен притвор за петмината турски државјани инволвирани во убиството на 25 годишниот Е.О. во кафе бар во Штип, одреди судија на претходна постапка. Осомничените се спроведени во Затвор Куманово.

Директниот извршител на делото, 21 годишниот К.К. кој немал пријавен престој во државата и на кого му се заканува доживотна казна затвор, пиштолот со калибар 9 мм, со избришани податоци за модел и сериски број, на почеткот од месецот го купил за 1100 евра од непознато лице од Скопје.

Со истиот, вечерта на 8 мај, во кафе бар лоциран на штипскиот плоштад, со умисла и од безобзирна одмазда неколку пати го застрелал неговиот сонародник, информираат од Обвинителството.

Преку мобилни апликации се договориле со жртвата да се сретнат за наводно да ги решат долготрајните недоразбирања помеѓу нив, но по 15 минутен разговор во угостителскиот објект, осомничениот влегол во тоалетот и веднаш излегол и испукал повеќе куршуми во правец на оштетениот нанесувајќи му неколку огнострелни рани, кои биле смртоносни.

Останатите осомничени, тројца мажи и една девојка на возраст од 22 до 28 години му помогнале да избега.

-На точно не утврдена локација во Штип, го качиле во автомобил БМВ со кој управувала осомничената девојка и сите заедно се упатиле кон Скопје. Кај наплатната станица Миладиновци, на автопатот Штип-Скопје, биле пресретнати и запрени од полициска патрола и се дале во бегство, но биле уапсени, стои во соопштението од Обвинителството.

Неофицијално, убиениот во 2023 година студирањето на штипскиот Универзитет го ставил во мирување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…