350 илјади евра скриени во ѕид! Не се знае каде е Ѓоко Ристов, судијата осомничен за корупција

t

Најдените 350 илјади евра недекларирани, скриени во ѕидот на куќата на родителите, се еден од материјалните докази за сомнеж за вклученост во корупција на судијата од Апелациониот суд Ѓоко Ристов.

Овој случај е поврзан со апсењето на адвокатот Фехми Стафа од средината на декември, приведен за мито од 50 илјади евра.

Јавниот обвинител за следење на организиран криминал и корупција не дава детали дали судијата Ристов е лоциран или останува во бегство, но соопштуваат дека продолжуваат дејствата на акцијата започната пред неколку месеци.

„Во рамките на опсежна истрага, откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание.“, велат од Јавното обвинителство за следење на организиран криминал и корупција.

Ова според, надлежните е една од најшироките истраги за корупција на високо ниво во нашата земја до денес, поддржана со информации и извештаи од Агенцијата за национална безбедност. Со дејствијата, координирани од Јавното обвинителство што се преземаат и од членови на Секторот за борба против организиран криминал во Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата на финансиската полиција, која дава детали:

-Претресот беше извршен во домот на родителите на лице – судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за кривично дело Противправно стекнување и прикривање имот. При претресот, во специјално соѕидан простор во ѕидот на објектот, беа пронајдени и одземени околу 350.000 евра, за кои постојат сомненија дека потекнуваат од незаконски активности поврзани со корупција и трговија со влијание.“, велат од Финансиската полиција.

Пред една недела, Ристов информираше дека ќе оди на боледување, по што не се појави на работа, а неговиот мобилен телефон не е користен повеќе од еден месец. Сето тоа се случи откако започна истрага против адвокатот Фехми Стафа, кој беше уапсен откако беше фатен со 50.000 евра мито, според сомнежите – за да влијае врз еден судија во Апелациониот суд во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

350 илјади евра скриени во ѕид! Не…

Најдените 350 илјади евра недекларирани, скриени во…

Цената на златото урива рекорди – анализата…

Цената на златото во 2025 година порасна…

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Претседателот на Бугарија Румен Радев денес објави…

Трагедија во струмичко: Маж починал по пад…

Шеесет и шестгодишен маж со иницијали К.Г.…

Трамп го поканил Путин да се придружи…

Кремљ објави дека Владимир Путин е поканет…