37 години од смртта на Ристо Шишков
На денешен ден во 1986 година почина истакнатиот македонски филмски и театарски актер, познат по улогите во неколку македонски филмови, но и по неговиот патриотизам, Ристо Шишков.
Ристо Шишков е роден во 1940 г, во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле 4 години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата-бегалци од Егејска Македонија. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува.
Првите негови глумечки искуства ги започнал 1957 година, глумејќи во Народниот театар “Антон Панов” во Струмица. Таму ги одиграл улогите во претставите: “Ноќи на гневот”, “Лажливец” како и “Круг со креда”. Приемен испит полагал во 1958 година на Академијата за театар во Белград.[1] Имал првична намера да студира атомска физика, но наеднаш се премислува, па во 1962 година дипломира на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума. Една од ретките награди која ја добил за време на неговиот престој во Белград, е наградата за улогата во пиесата “Време, огин и човек” од Мирослав Беловиќ, во Крагуевац, 1962 година.[1] По двегодишната работа во Југословенскиот драмски театар во Белград, Шишков доаѓа во Скопје и од 1 октомври 1964 година станува член на Драмата на Македонскиот народен театар. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма, пет телевизиски драми и три телевизиски серии, повеќе радиодрами.
Во негова чест, од 1992 година во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Син на Шишков е познатиот македонски актер Васил Шишков.
Шишков е добитник на голем број награди и признанија.
Неговата судбина, која ја преживеал како дете, прогонето од Егејот, во него всадила инстинкт за праведност и вистина. Не можел да ги премолчи неправдите кон обичниот човек, на сметка на политичките и економските моќници. Во 1979 е обвинет во навреда на српски и хрватски артисти, исто како и за навреда на Тито. Обвинет како националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување умира на 17 јуни 1986 година во Скопје.
Погребот на Ристо Шишков е извршен на 19 јуни 1986 и на истиот ден е погребан поглаварот на Македонската православна црква-Ангелариј.
Вечна му слава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…