Објавено на:

3aгина еден Русин: Украина со артилерија ги гаѓаше позициите на Народната милиција на Луганск

t

Борец на Народната милиција на Луганската Народна Република загина денеска во текот на артилериски напад од страна на украинската војска, прв по десетдневниот прекин на огнот, соопшти офицерот на прес службата ЛНР Александар Мезејкин.

Според него, од позицијата на 30. бригада на Вооружените сили на Украина во реонот на селото Троицкое, кое е под контрола на Киев, отворен е оган од артилериско оружје и тешки митралези кон селото Веселогоровка.

За да го заштитиме цивилното население и да се избегнат нови жртви во редовите на Народната милиција, нашите трупи беа принудени да отворат оган, рече Мазејкин.

Тој потсети дека од 17 јануари до денес Вооружените сили на Украина не го кршеле примирјето.

Од летото 2020. во Донбас е на сила прекин на огнот, кој подразбира целосна забрана за пукање, стационирање на оружје во близина на населени места, офанзивни и извидувачко-диверзантски операции.

Наредбите за прекин на огнот треба да бидат на сила додека не се реши судирот во целост, но често се случуваат инциденти налик на денешниот.

извор: Kurir.rs / Novosti.rs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР откри детали: Полициски службеник ќе одговара…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

„НЕ СУМ ПРЕДАВНИК, ОСТАНУВАМ ВО ВРЕДИ“: Гаши…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, категорично ги…

Давкова: Шокирана сум, 40% од администрацијата не…

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, искажа изненадување…

Османи: Владата направи огромна грешка што го…

Ставот на Бугарија за македонскиот јазик преставува…

Бочварски: Со ребалансот власта ги игнорира потребите…

Според сите релевантни статистики, платите во државата…