3axapиева ифpит лyта на Петков: Пендаровски две години не најде време за Софија
Посакувам наместо господинот Кирил Петков да оди во Скопје, тој да го покани во Софија новиот премиер на Северна Македонија, како и кај нас, нивниот претседател, кој веќе две години не најде време во својата програма да ја прифати поканата од наша страна, му се обратила вчера во Парламентот поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на премиерот Кирил Петков.
Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија го прашала премиерот, дали има намера да го смени постојниот национален став во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија и да го замени со нешто друго. Доколку го смени, додала таа, дали се координирал со коалициските партнери и кога ќе ги информира бугарските граѓани.
Причина за ова прашање е, како што вели Захариева, интервјуто со премиерот, во кое тој најавува нов процес за С Македонија, многу брз, со ограничена временска рамка од само 6 месеци.
Таа му рекла на Петков дека Министерството за внатрешни работи на Бугарија му предложило на Скопје на почетокот на минатата година да се формираат заеднички работни групи по сектори, за што тој сега зборува.
– Го замолив да не го урива националниот консензус кој досега го поддржуваа сите политички сили и да не учиме од медиумите за плановите на бугарската влада на оваа важна тема – истакнала Захариева во бугарскиот Парламент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…