40-годишна радовишанка лажно пријавила бомба во основно училиште во градот

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи по поднесената кривична пријава од МВР и врз основа на сите обезбедени докази веќе поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Осомничената 40-годишна радовишанка, на 29 октомври од Скопје пријавила дека е поставена бомба во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. Од нејзината електронска пошта, преку мобилниот телефон, испратила порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на училиштето, иако знаела дека не е поставена експлозивна направа во училиштето, информираа од ЈО.

Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител до Судот достави и предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на престојувалиштето, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени активности кои се поврзани со кривичното дело, односно – забрана за испраќање на пораки со заканувачка содржина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40-годишна радовишанка лажно пријавила бомба во основно…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Николовски по вчерашната акција на ОЈО ГОКК:…

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,…

(Видео) Јакимовски: Презедов општина со 6,5 милиони…

Презедов општина со 6,5 милиони евра долг,…

Скопјанец со пиштол им се заканувал на…

Триесет и двегодишен маж од Скопје извадил…

ДУИ: Европската комисија кажува дека процесот на…

Демократската унија за интеграција реагира на Извештајот…