40 години затвор за мажот кој си го уби соседот во Градско!

t

Велешкиот основен суд денеска му пресуди затворска казна од 40 години на Славе Илиев (61) за убиство и обид за убиство, што ги сторил пред три месеци во своето родно село Подлес, во општина Градско.

Илиев со пиштол го застрелал својот сосед Миле Димов (42), а тешко го ранил и неговиот другар Миле Воденичаров. Кавгата избила поради тоа што Димов копал водоводен канал за кој Илиев, со кого одамна имал нерасчистени односи, сметал дека помунува низ негово место.

Бранителот на Илиев најави тужба на пресудата која ја смета за престрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повреден Косовец во сообраќајка кај Градско

Шеесет и едногодишен Косовец е тешко повреден…

Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор

Од затворот Штип вчера било пријавено дека…

(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово

Нема вода, а тоалетот кој го користат…

Мотоциклист излетал од патот Прилеп-Градско, со тешки…

Прилепчанец со мотор излетал од патот Прилеп-Градско…

Полицајци привеле осуденик, па немало место во…

Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…