46 годишен маж загина на патот Ресен-Битола

t

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера вечер на патот Битола – Ресен, кај местото Макази, објави Телма.

Според информациите на СВР Битола, несреќата се случила кога патничко возило БМВ со ресенски регистарски таблички, управувано од 46-годишен жител на ресенско село, удрило во автомобил марка „Пежо“ со битолски ознаки. По судирот, „Пежото“ се судрило со друго возило БМВ, кое го управувал 47-годишен жител на Ресен, кој патувал со сопатник.

Од ударот 46-годишниот возач починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен. Возачот и сопатникот од другото БМВ се пренесени во Клиничката болница во Битола, каде им се укажува лекарска помош.

Поради несреќата, сообраќајот на делницата од Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…

Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…

Во тешка работна несреќа што се случила…

Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…

Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…