Објавено на:

46 лица повредени во напад со гас во минијатурен музеј во Хамбург

t

Неидентификуван маж денеска пуштил иритирачки гас во музејот на минијатури во германскиот град Хамбург, една од најпознатите туристички атракции во овој северногермански град, пренесе ДПА.

При инцидентот повредени се 46 лица, соопшти портпарол на полицијата, додавајќи дека тие добиле лесна иритација на дишните патишта. Едно лице е префрлено во болница.

Пожарникарската служба ја евакуирала зградата во квартот „Шпајхерштат“, но половина час подоцна објавила дека повторно е дозволено влегувањето.

Извршителот останал непознат, иако на местото на инцидентот е пронајден гасен патрон, изјави портпаролот.

Во моментот, површината на музејот „Минијатур Вундерланд“, кој претставува модел на железнички јазол, се простира на повеќе од 1.600 квадратни метри. Туристичката атракција располага со железничка пруга долга приближно 17.000 метри и ќе се проширува дополнително во следните години.

Проектот е започнат од браќата Герит и Фредерик Браун во 2001 година и оттогаш постојано се развива. Само во 2024 година, речиси 1,6 милиони луѓе од целиот свет го посетиле музејот, каде што во минијатурна форма можат да се видат многу светски познати знаменитости – Венецијанската лагуна во Италија, Големиот Кањон во САД и германскиот замок Нојшванштајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жената која избоде 18 луѓе во Хамбург…

39-годишнaта жена која синоќа со нож избоде…

46 лица повредени во напад со гас…

Неидентификуван маж денеска пуштил иритирачки гас во…

Најголемото хрватско знаме во светот ќе се…

Најголемото хрватско знаме во светот пристигна и…

Заврши 18-часовната драма: Се предаде Турчинот кој…

Заврши заложничката драма на аеродром во Хамбург,…

Заложничката драма на аеродромот во Хамбург заврши…

Полицијата во Хамбург на социјалната мрежа Х…