484 пожари на отворен простор заклучно со 21 март!
Во текот на март оваа година, заклучно со 21 март на територијата на Македонија имаше вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери.
Од нив шумски пожари беа 23 додека во останатите 461 пожар на отворен простор гореа висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума како и ѓубришта.
Вчера (петок 21.03.2025 година) имаше вкупно 28 пожари на отворен простор од кои 1 е сеуште активен а 27 се изгаснати.
Безмалку сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично).
Утрово сеуште е активен пожарот во скопската депонија Дрисла.
Останатите 27 пожари на отворен простор се изгаснати:
1.Општина Илинден: с.Илинден (ѓубриште);
2.Општина Сарај: с.Ласкарце (ѓубриште и ниска вегетација);
3.Општина Кисела Вода 1: ул.Сердарот (ниска вегетација);
4.Општина Кисела Вода 2: ул. Паризански пат нас. Драчево (стари дрвја, гуми и ѓубриште);
5.Општина Струмица: Место викано Софилари и с.Баница (ниска вегетација, стрниште и трска);
- Општина Гевгелија: Место викано Беќарови Чешми (ниска вегетација);
- Општина Битола 1: с.Брник (ниска вегетација);
- Општина Битола 2: Кај туланата (ниска вегетација);
- Општина Крушево: с.Врбоец (ѓубриште и ниска вегетација);
- Општина Ресен: с.Бела Црква (ниска вегетација);
- Општина Прилеп 1: Место викано Заград (ниска вегетација);
- Општина Прилеп 2: ул.Осоговска (ниска вегетација);
- Општина Пехчево: Во близина на Пехчево (ниска вегетација);
- Општина Пехчево 2: с.Црник (ниска вегетација);
- Општина Делчево: Индустриска зона (ниска вегетација и стрниште);
- Општина Кочани: с.Соколарци (ниска вегетација);
- Општина Куманово1 : Кај Гробиштата во с.Добрашане (ниска вегетација);
18.Општина Куманово 2: Кај наплатна рампа Романовце (ниска вегетација);
- Општина Куманово 3: с.Добрашане (ниска вегетација);
- Општина Крива Паланка: с.Матинци маало Бзјаци (ниска вегетација и букова шума);
- Општина Кратово: с.Коњух (ниска вегетација и грмушки);
22.Општина Јегуновце: с.Вратница (ниска вегетација);
- Општина Брвеница: с.Седларце (ниска вегетација и стрниште);
- Општина Желино: с.Мерово (ниска вегетација и стрниште);
- Општина Тетово: с.Ларце (мешана шума);
26.Општина Гостивар: с.Бањица (ниска вегетација);
- Општина Сопиште: Над депонија Дрисла (ниска вегетација).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…