5 најчести грешки кога правите пица дома
Пицата што ја подготвувате дома не е како онаа во ресторан, но тоа не значи дека не можете да ја подобрите и да ја направите повкусна.Всушност, домашната пица не бара посебни состојки, доволно е само да се следат неколку правила.
За да направите вкусна пица како вистински кулинарски мајстори, треба да избегнете неколку вообичаени грешки при подготовката.
Премногу тенко го растегнувате тестото
Луѓето кои сакаат пица со тенка кора не треба премногу да го растегнуваат тестото. Тестото што е премногу тенко нема да биде доволно цврсто за да ги собере сосот, сирењето и другите состојки. Пожелно е тестото да се развлече со раце бидејќи ќе биде повкусно, но да не биде потенко од пет милиметри.
Премногу состојки на пицата
Пиците со тенка кора не може да имаат премногу состојки. Колку повеќе состојки додавате, толку повеќе го успорувате печењето. Ова може да доведе до нерамномерно печена пица со препечена или изгорена кора и недоволно зготвени додатоци. Затоа, ограничете ги состојките на пицата со тенка кора на два до три и малку кашкавал. За поголеми оброци направете пица со подебела кора.
Додадени состојки
Основните состојки како сос и кашкавал можете да ги ставите на пицата непосредно пред печењето, но некои состојки, како месо и одредени видови сиров зеленчук, треба да се подготват претходно. Иако пицата се пече на толку висока температура, времето за печење не е доволно долго за темелно да се свари цело месо или брокула.
Не ги подготвувате каменот за пица или плехот за печење
За да добиете пица со крцкава кора, пред да ја ставите пицата во плехот или на каменот, треба да ги подготвите. За совршена кора со крцкаво дно, клучно е претходно загревање или подготовка. Кога користите плех за пица или камен, загрејте ги во загреана рерна најмалку 20 минути.
Ниска температура на печење
Ако ја направите пицата на ниска температура, ќе добиете пица со влажна кора и преварени состојки. За добра пица потребна е топла рерна, а пожелно е да се загрее на минимум 250 степени Целзиусови. Така побрзо ќе ја испечете пицата, давајќи ѝ златна кора која е крцкава однадвор, но сепак мека во средината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
Студентите демонстранти бараат нобеловецот од Бангладеш да…
Студентските демонстранти од Бангладеш денеска најавија дека…
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
Еве зошто Мицкоски и Владата не смееа…
Експерт откирва, Вјоса Османи ги прекршила сите…