„500 илјади сиромашни граѓани едвај трошат по 150 денари дневно, а Маричиќ потрошил 313 илјади денари народни пари на гоштевања“

t

Додека власта го раскрчмува македонскиот идентитет, во јавноста излегоа скандалозни податоци за кафеанските трошоци кои ги правел вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тој за една година изел и испил 313.603 денари или 5.000 евра на државен трошок, а во еден наврат платени се над 17 илјади денари за еден оброк.

На менито на гоштевањата кои Маричиќ ги плаќал со народни пари имало лососи, медаљони од бифтек, телешко печење, калифорниска пастрмка, се пиеле вина и жестоки пијалаци. Овие сметки се правени по ексклузивни ресторани во Скопје, додека во исто време граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

Над 450 илјади граѓани живеат во сиромаштија и трошат само по 150 денари на ден, а Бојан Маричиќ трошел и по стотици евра за јадење дневно. Бедно, стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…

Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…

ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…

ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…

Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…