Арсовска: Денеска на Светскиот ден за борба против ракот, се обединуваме во обид да зачуваме милиони животи преку подигање на свеста за болеста

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по повод светскиот ден на борбата против ракот повика на подигање на свеста за болеста со цел рана превенција и детекција, а на оние кои ја водат битката со болеста им посака брзо заздравување.

„Денеска на Светскиот ден за борба против ракот, се обединуваме во обид да зачуваме милиони животи преку подигање на свеста за болеста, со цел рана детекција и превенција. Како човек кој поминал низ таква животна борба, на сите кои се соочуваат со предизвици им посакувам брзо закрепнување, но и верба и истрајност во таа борба, затоа што ништо не е невозможно. Многу видови на рак имаат големи шанси за лекување ако се откријат во рана фаза, а околу 30% од заболувањата од рак се потенцијално превентивни.“, напиша градоначалничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…