(Фото) Реконструкција и парно греење за салата во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во Кисела Вода

t

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, на социјалните мрежи најави реконструкација спортската сала во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња”, која е во незавидна состојба. Неговата објава ја пренесуваме интегрално:

„Темелна реконструкција и парно греење за салата во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во Кисела Вода
Она што го затекнавме како состојба во спортската сала во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” бараше итна и неодложна интервенција и со големо задоволство сакам да истакнам дека за помалку од два месеци, учениците ќе добијат квалитетни услови за одржување на часовите по физичко воспитување.Инвестирањето во подобрувањето на инфраструктурата низ основните училишта кои се во надлежност на општина Кисела Вода ќе продолжи со несмалена динамика, бидејќи квалитетниот образовен процес подразбира и добри и современи училишни објекти. Ова е концепт што го отпочнав од првиот ден од моето доаѓање на градоначалничката позиција и кој ќе биде развиван и надградуван во текот на целиот мој мандат.
Овде, започнавме со целосна термоенергетска обнова на ѕидовите, двојна изолација со гипс панели, додека на подот кој има површина од 430 квадратни метри ќе биде поставен нов паркет.
Се менува и електричната инсталација и осветлувањето, се санира и системот за вентилација.
Исто така, во моментов се врши демонтажа на спортските реквизити.
По нивната санација, тие ќе бидат повторно поставени во обновената сала, каде реконструирана ќе биде и влезната врата.
На барање на општина Кисела Вода, БЕГ постави нов приклучок со потстаница, со што салата доби и парно греење.“ – Напиша Ѓоргиевски на Фејбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…